Ма каков Париз, какава Венеција – Германец ја домкна девојката во Скопје за да ја запроси (Фото)


Ако досега сме навикнале да гледаме и да слушаме за млади Македонци, кои специјално заминуваат во некоја романтична земја во Европа или, пак, подалеку за својата љубов ја овековечат со брак, сигурно не би ни паднало на памет дека нашата Македонија има иста таква магија за странците. За тоа е доказ 33-годишниот Германец, Мирко Херцлер, кој, иако нема ништо македонско во своето потекло, по две куси службени посети на земјава, одлучил третиот пат, специјално да дојде заедно со својата долгогодишна љубов, 30-годишната Kаролин Редлин, и токму во центарот на Скопје да ја побара нејзината рака, пишува Дневник.

germanec prosi vo skopje 2– Сакам мојата врска со Kаролин да биде силна, цврста, топла како што е Македонија и како луѓето овде, сакам сета поврзувачка енергија што зрачи од вас да биде темел на моето идно семејство со Kаролин, најтоплата земја во која некогаш сум бил, видно возбуден, со растреперен глас, од кој зрачат впечатоци и љубов – почнува да раскажува Мирко.

И свадбата во Македонија

– Дојдов првпат во март оваа година. Работам во германскиот завод за статистика, во одделот менаџмент за квалитет, па службено бев ангажиран како експерт и останав само пет дена. Од истите причини дојдов и во јуни. Она малку време што го имав за прошетка беше доволно за да се заљубам во вашата земја – вели Мирко и на шега додава дека, освен името што звучи балкански, буквално никогаш не бил во допир со овој дел на Европа. Најмногу го воодушевил контрастот на култури, но многу повеќе начинот на живеење кој ги поврзува.

germanec prosi vo skopjeТешко ми е да се одвојам од луѓето кои за миг ти ги отвораат своите души, се спријателуваат, подготвени се да ти помогнат, ама буквално за с`. Ова никогаш го немало, ниту ќе го има во мојата земја – возбудено раскажува Мирко. Се вџашив од односот на еден возач на автобус кога јас и Kаролин сакавме да се качиме на Милениумскиот крст, но го згрешивме автобусот – раскажува низ смеа Мирко. Возачот се обидел најпрвин на македонски да им објасни каде да се симнат и кој број на автобус да чекаат, но откако не се разбрале, одлучил сепак лично да ги однесе до местото.

Во животот не сум пробала повкусни јадења, вашето вино, а посебно ракијата, во комбинација со свежа македонска салата, обилна порција месо и пинџур… едноставно немам зборови со кои би го опишала задоволството кога првпат ги пробав, вели Kаролин. Но од с` најмногу на срце ~ останала македонската музика. Никогаш нема да ја заборави старата македонска песна, која одела во заднина додека Мирко ја прашувал дали е подготвена да го помине животот со него.

– Се движевме меѓу новиот театар и музејот во центарот на Скопје, однапред договорени кога да подзастанеме за да им дадеме знак на свирачите да излезат и да почнат да свират. Организиравме и девојка која кога Kаролин рече „да“ дојде и донесе цвеќе и шампањ, а моментот го улови и специјален фотограф – најголемата желба на Kаролин е на свадбата да се свири само македонска музика а сакаат и свадбата да ја прават во Македонија.

Целата сторија на – Дневник 

germanec prosi vo skopje 2

germanec prosi vo skopje

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1