Поранешната кошаркарска НБА ѕвезда, Денис Родман, за време на натпреварот пред прославата на роденденот од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, во стилот на Мерлинка, одлучи да му ја отпее роденденската Happy Birthday на својот добар пријател.
-Сè започна надреално, а тогаш се вклучија и луѓето и ситуацијата малку се смири. Но, верувам дека беше искрено направено од страна на Родман, изјави Сајмон Кокерел, туристички водич кој го следеше натпреварот во Пјонгјанг.
-Беше неочекувано, но и непланирано. Ким Јонг Ун се насмеа, но мислам дека не го очекуваше тоа, додаде Кокерел.