Ма­жи­те мис­те­ри­оз­но уми­рале: Да не биле вдо­ви­ците, ќе не­ма­ло и шам­па­њско


За да ста­не шам­па­њско­то тоа што е де­нес – пи­ја­лак за све­че­ни си­ту­а­ции и прослави, не­кол­ку ма­жи мо­ра­ло да ум­рат. И тоа не са­мо старци, ту­ку и ма­жи во пол­на си­ла и елан. Оваа по­мал­ку мор­ни­ча­ва тра­дици­ја ја поч­на­ла Вев (вдо­вица)  Клико, ро­де­на Пон­сар­ден, по ко­ја го до­би­ло име­то ед­но од нај­поз­на­ти­те ви­на на све­тот.

vdovici sampanjskoНо и дру­ги­те ле­ген­дар­ни ви­нар­ни­ци би­ле по­дигна­ти од же­ни што ра­но ги из­гу­би­ле сво­и­те мажи. Ту­ка спа­ѓа­ат не­кои по­мал­ку поз­на­ти вин­ски под­ру­ми што во сво­јот на­зив го има­ат збо­рот „вдо­вица“, ка­ко Вев Фур­ни и Вев Дусо.
Од об­ли­кот на ши­ше­то до вку­сот, ети­ке­ти­те па ду­ри и рек­ла­мите, се­то тоа францус­ка­та об­ласт Шам­пањ им го дол­жи на це­ла ре­дица вдо­ви­ци од по­че­то­кот на 19 век, кои по­не­ко­гаш зна­е­ле да ја ис­ко­рис­тат мис­те­ри­оз­на­та смрт на сво­и­те ма­жи за да вле­зат во биз­ни­сот во кој до­ми­ни­ра­ле ма­жите. Вдо­ви­ци­те ста­на­ле тол­ку ус­пешни, што мно­гу ви­нар­ни­ци го до­да­ле збо­рот „Вев“ во сво­јот на­зив иа­ко не­ма­ло ни­как­ва вдо­ви­ца во ку­ќата. Тоа го пра­ве­ле по­ра­ди мис­тич­ност и мар­ке­тинг.
– Ис­то­ри­ја­та на Шам­пањ е ис­то­ри­ја на вдо­ви­ци­те – ве­ли Фран­соа Го­дар од ви­нар­ни­ца­та „Вев Го­дар и си­но­вите“. По­лож­ба­та на вдо­ви­ци­те им да­ла не­за­ви­сен ста­тус во оп­штес­тво­то на не­кол­ку жени. За раз­ли­ка од дру­ги­те жени, кои во тоа вре­ме во Франци­ја би­ле соп­стве­ност на сво­и­те ма­жи или тат­ковци, вдо­ви­ци­те мо­же­ло да ста­нат и ди­рек­то­ри на ком­па­ни­јата.
– Во 19 век же­на­та што не би­ла ма­жена, му при­па­ѓа­ла на тат­кото. Таа не мо­же­ла да има смет­ка во бан­ка и не би­ла пла­теж­но спо­собна. А ако би­ла ма­жена, за­ви­се­ла од сво­јот соп­руг. Са­мо ка­ко вдо­ви­ца мо­же­ла да зас­та­не на че­ло на ком­па­ни­ја­та – об­јас­ну­ва Фаб­јен Моро, ар­хи­вист во ку­ќа­та „Вев Клико“.

vdovici sampanjsko3Стру­ч­ња­ци­те ис­так­ну­ва­ат де­ка про­из­вод­ство­то на шам­па­њско би­ло ед­на од први­те ин­дус­трии во мо­дер­ни­от свет на ко­ја же­ни­те ѝ да­ле свој пе­чат и во ко­ја има­ле во­деч­ка улога. Ис­то­ри­ја­та на шам­па­њско­то за­поч­на­ла со гос­по­ѓа­та Барб Ни­кол Клико. Еден сту­ден ок­том­врис­ки ден во 1805 го­дина, Фран­соа Клико, млад нас­лед­ник во оваа шам­па­њска  ди­нас­тија, по­чи­нал не­на­деј­но по бер­ба­та на гроз­јето, не­кол­ку де­на от­ка­ко се оже­нил за уба­ва­та Барб Ни­кол. Во кон­зер­ва­тив­на­та Шпа­ни­ја нас­та­на­ла вис­тин­ска ме­ша­ни­ца ко­га мла­да­та 27-го­диш­на вдо­вица, на из­не­на­ду­ва­ње на ма­жи­те го пре­зе­ла вод­ство­то на ку­ќата. Упор­на и непо­ко­леб­лива, мла­да­та же­на ја прет­во­ри­ла ма­ла­та ви­нар­ни­ца во гло­бал­но цар­ство. Гос­по­ѓа­та Кли­ко го ис­ко­рис­ти­ла ха­о­сот што го соз­да­ле вој­ни­те на На­по­ле­он за да се на­мет­не на ев­роп­ски­от па­зар, а по­тоа ги ос­во­и­ла Ру­си­ја и Аме­рика.
– Шам­па­њско­то мно­гу ѝ дол­жи на оваа жена. Таа би­ла прва­та де­лов­на же­на во Франција, а мо­же­би и во це­ла Ев­ро­па – ве­ли Моро. Ра­бо­теј­ќи сѐ до смрт­та во сво­ја­та 89-та го­дина, вдо­ви­ца­та Кли­ко зад се­бе ос­тави­ла не­ве­ро­јат­но нас­лед­ство: го из­мис­ли­ла ро­зе шам­па­њското, прва­та жол­та ети­ке­та за шам­па­њско и го соз­да­ла препоз­нат­ли­во­то ши­ше за шам­па­њско­то – тен­ко и еле­ган­тно, за раз­ли­ка од ши­ро­ки­те ши­ши­ња што се ко­рис­те­ле во тоа време. Вдо­ви­ца­та ја из­мис­ли­ла и ле­ген­дар­на­та тех­ни­ка „рид­линг“ – вр­те­ње на ши­ше­то што ви­но­то го ос­ло­бо­ду­ва од неп­ри­јат­ни­те се­ди­мен­ти и го чи­ни бис­тро и уба­во за пи­ење. Дру­га поз­на­та вдо­ви­ца би­ла По­мери, чиј соп­руг ум­рел во не­раз­јас­не­ти окол­нос­ти во 1860 го­дина.
– Не зна­е­ме да­ли гос­по­ди­нот По­ме­ри пи­ел прем­но­гу или пре­мал­ку шам­па­њско, но ум­рел во сво­ја­та ви­нар­ни­ца и ос­тавил мла­да вдо­вица. И таа ка­ко да до­би­ла крилја! Ка­ко тоа да би­ла мож­нос­та што ја че­ка­ла – ве­ли ис­то­ри­чар­ка­та Крис­тин При­дом и до­да­ва де­ка оваа шам­па­њска ку­ќа дол­го би­ла поз­на­та под име­то „Вев По­мери“, сѐ до­де­ка од сво­јот на­зив не го ис­фрли­ла име­то Вев.
Здо­би­е­ни со сме­лост и го­ле­ма ам­би­ција, две­те вдо­ви­ци Кли­ко и По­мери, се уг­ле­да­ле на сво­ја­та сла­ва­на сов­ре­ме­ничка, кра­ли­ца­та Вик­то­рија, ко­ја ис­то та­ка би­ла вдо­вица. Бри­тан­ска­та мо­нар­хин­ка поз­на­та по сво­ја­та сла­бост кон шам­па­њското, би­ла еден од глав­ни­те кли­ен­ти на овие ви­нар­ски куќи.
Вдо­ви­ца­та По­ме­ри го соз­да­ла прво­то шам­па­њско „Брут“, де­неш­но­то су­во шам­па­њско, ка­ко од­го­вор на ба­ра­ње на кра­ли­ца­та Вик­то­рија.
Пред „шам­па­њските“ вдо­вици, ова пен­ли­во ви­но би­ло прем­но­гу слатко, по­не­ко­гаш до 300 гра­ма ше­ќер во еден ли­тар. Тоа би­ло ка­ко џем.

По ус­пе­хот на овие жени, мно­гу ма­жи што во­де­ле ви­нар­ници, во сво­и­те се­меј­ства ба­ра­ле по­не­ко­ја же­на вдо­ви­ца за да мо­же да го на­ре­чат сво­јот вин­ски под­рум по неа и та­ка по­ус­пеш­но да про­да­ва­ат вино.

Та­ков бил слу­ча­јот со ви­нар­ни­ца­та „Вев Го­дар“.
– Постојат вис­тин­ски вдо­вици, а по­стојат и „мар­ке­тинш­ки вдо­вици“ – на­ве­ду­ва При­дом.
Де­нес во Шпа­ни­ја по­стојат 349 шам­па­њски куќи, кои го­диш­но ос­тва­ру­ва­ат за­ра­бот­ка од 4,4 ми­ли­јар­ди евра.
Ед­на од по­след­ни­те вдо­ви­ци би­ла Ли­ли Бо­ленже, ко­ја го пре­зе­ла вод­ство­то во све­тот на поз­на­та­та ви­нар­ни­ца по смрт­та на соп­ру­гот во 1941 го­дина. Би­ла поз­на­та по сво­јот ху­мор.
– Пи­јам шам­па­њско и ко­га сум среќ­на и ко­га сум тажна. По­не­ко­гаш го пи­јам ко­га сум сама, а ко­га сум во друш­тво, тоа го сме­там за сво­ја об­врска. Го пи­јам и ко­га сум гладна. Ина­ку ни­ко­гаш не го пи­јам, ос­вен мо­же­би ко­га сум жед­на – чес­то ка­жу­ва­ла вдо­ви­ца­та Бо­ленже.

Плус Инфо

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1