Помислете пред да отидете под нож за убавина: Сакала сензуални усни – добила хорор (Фото)


Стејси Хон (41) од Америка, мајка на 4 деца посакала да има посензуални усни. Прво отишла на привремено зголемување на усните и била презадоволна од резултатот па одлучила трајно да ги зголеми.

1103966-stejsiЗа да не трпи многу болка од неколкукратни боцкања се одлучила за скапа варијанта – но само една операција. Платила 700 фунти.

,, Ни на крај памет не ми падна дека би ми вбризгале нешто неквалитетно во така скапа клиника, а тие ме унаказија, изјавила очајната жена.

Стејси како реакција од вбризганата течност добила огромни отоци на усните кои целосно ја деформирале. цели 7 години се криела и се надевала дека ќе спаднат или пак ќе успее да ги доведе во ред. По 7 години отоците се претвориле во болни чиреви. Се обидувала самата да ги излечи но состојбата само се влошувала.

Отишла да го соочи докторот кој и ја правел операцијата со неговото монструозно дело и барала да го корегира проблемот, а тој направил уште полошо. И ги пукнал чиревите како би вбризгал течност против воспаление. Стејси претрпела огромна болка но агонијата не застанала тука. Поради пукањето на чиревите телото почнало да го отфрла ткивото кое некогаш го нарекувала усни.

1103986-stejsi2

,, усните ми беа тврди како камен но она што најмногу ме лути е што во ниту во еден миг лекарот не ми се извини за катастрофата која тој ја направи,,

Сепак таа по неколку операции кај друг овластен лекар успеала да го реши проблемот и барем приближно усните да и наликуваат на усни. Според некои незванични податоци половина од жените кои одат под нож за трајно зголемување на усните имаат некој вид на инфекции и други компликации. Голем е бројот и на оние кои морале на оперативни зафати за санирање на штетата.

1104006-stejsi3

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1