Населба Лисиче без вода


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека денес без вода ќе останат жителите на населба Лисиче. Поради вметнување нов затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улица “12. Ударна бригада” бр. 79, од 09.30 часот без водоснабдување ќе останат корисниците од населба Лисиче се до завршувањето на работите.

90718_voda-iz-cesme_f

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1