Мачилиште и за илјада Македонци – Голи Оток и денес опасен за живот (Видео)


Поранешниот затвор за политички неподобни и непослушни во Југославија Голи Оток годишно привлекува околу 50.000 туристи. Според хрватскиот неделник „Глобус“, тие не се ни свесни дека си играат со животот. Магазинот го опишува островот како „место на логорашки трошни згради, кои се полни со измет од овци и во сами се уриваат цели катови“. Предупредува дека Голи Оток наскоро може да стане најголемата хрватска туристичка трагедија.

ankunft-auf-goli-otokОстровот има површина од околу 4,7 квадратни километри и е лоциран источно од полуостровот Истра во Велебитскиот Kанал, помеѓу островите Раб, Свети Гргур и Првиќ. Островот не е погоден за живот и е ненаселен иако однадвор изгледа моќно.

– Но, само на прв поглед. Со секој чекор во внатрешноста на островот посетителите с` повеќе ги полазуваат морници не само поради тоа што е временски потсетник на пресметка со „информбировците“, туку и затоа што с` што е останато од логорот и од затворот е застрашувачко – пишува хрватскиот неделник.

Влезници не се наплаќаат. Единствено што се наплаќа е разгледувањето со возот „Голи експрес“ и чини 3,5 евра. За тие пари посетителите добиваат директен поглед во пеколот: купови и купови ѓубре, распаднати подови, скршена конструкција, скршени прозорци, козји и магарешки измет…

goli otok2– Хаос кој со ништо не може да се оправда, ни со сиромашен буџет, ни со незнаење, ни невреме.

Човечка рака не го допрела островот од 1988 година кога властите го затворија затворот кој долги години и по „информбировците“ служеше за затворање обични криминалци. Нередот што го оставиле тие останал и до денес – пренесува „Глобус“.

Голи Оток е препуштен на бизарни ловци на реквизити и весникот пишува дека с` што било вредно е однесено, украдено, ограбено.

Свирепо место за 16.000 затвореници

goli-otokЗатворот за политички затвореници и логорот за принудна работа на островот југословенските комунисти го изградиле во јули 1949 година по судирот на Kомунистичката партија на Југославија со Информбирото.

Таму во прв ред биле затворани лица што во судирот помеѓу Тито и Сталин застанале зад Сталин, но освен нив на Голи Оток биле затворани и криминалци и луѓе со демократски погледи од разни националности. Заедничкото за нив било тоа што тогашните властодршци ги сметале за опасни за својот режим. Последниот политички затвореник од Голи Оток е отпуштен во 1956 година.

Мачилиште и за илјада Македонци

goli otokСпоред Пописот на казненици на општествено корисна работа и осуденици по Информбирото, изработен од страна на Сојузниот секретаријат за внатрешни работи, на Голи Оток биле затворени 16.101 лица, од кои 15.173 мажи и 928 жени.

Од нив, според овој попис, 801 лице или пет отсто од сите затвореници биле Македонци. Сепак, овој попис не се смета за целосен. Според друг извор, на Голи Оток и во другите логори низ Југославија за време на Информбирото биле затворени над 1.000 граѓани од Македонија.

Меѓу попознатите Македонци што биле затворени на Голи Оток се: Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе, Владимир Полежиноски, Ангеле Петковски, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Борис Гонев, Никола Транталовски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1