Судир меѓу мигрантите и полицијата во ГЕВГЕЛИЈА – ножеви, крв и повредени (Видео)


Македонската полиција денеска фрлаше шок бомби кон неколку илјади мигранти кои се обидуваат да влезат на македонска територија.

Неколку илјади бегалци, најголем број од Сирија, но и од Африка и Азија ја поминаа ноќта на ничија земја откако Македонија вчера воведе вонредна состојба и ја затвори границата.migranti zica

Полицијата која е во опрема за разбивање немири и стои до бодликавата жица фрли шок бомби во обид да ги потисне мигрантите и да ги спречи да влезат на македонска територија.

Инаку денеска бодликава жица ги дели мигрантите и припадниците на Единицата за брзо распоредување. Жицата е поставена од двете страни на пругата со цел да се запрат мигрантите во обидот да влезат нелегално во земјава. Тоа го користат странските бегалци за да протестираат и да останат упорни во обидот да влезат на македонска територија. Од МВР известуваат дека мигрантите покажуваат негодување и нетрпеливост затоа што не се пропуштаат.migranti33

На помош на полицијата од денеска и пристапи и војската. И тие се подготвени за интервенција доколку биде неопходно ако се знае дека се очекува нов бран бегалци кој ќе ја зголеми бројката од 1000.

Се уште нема потврда дека полицаец е прободен со предмет како што утринава објавија гевгелиските медиуми повикувајќи се на очевидци. Додека трае тензијата на железничката пруга граѓаните на Гевгелија, како што пренесуваат медиумите, само се прашуваат дали има крај на бегалската криза?
Инаку, како што извести МВР, во последниот период издадени се потврди на вкупно 1.327 странски државјани, од кои, 1.020  се од машки пол, 129 се од женски, 138 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 40 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Дека има повредени мигранти во турканицата преку жицата откако е интервенирано со шок бомби се гледа и од видеото на Раша Тудеј.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1