Мадона доби тужба во Париз – на концертот и ставила свастика на политичарка / Видео


Француската ултрадесничарска партија „ Национален фронт “ ќе поднесе тужба против американската поп пејачка Мадона, поради навреда за прикажувањето на нивниот лидер Марин Ле Пен со кукаст крст на чело на концертот во Париз, Франција.

„ Ова е ужасно и грозно споредување на нашиот лидер со нацистот Адолф Хитлер“ – изјави потпретседателот на политичката партија Национален Фронт.

Спорната снимка која предизвика огромни реакции во партијата  е прикажувана на секоја турнеја на Мадона и е за песната под наслов  „ Nobody Knows Me “ .  Во истата снимка се прикажуваат меѓу останатите и големите светски воени диктатори до папата Бенедик XVI.

„ Прикажувањето на Марин Ле Пен со кукаст крст на чело укажува на тоа дека таа е нацист. Тоа е огромна навреда поради што ќе се поднесе тужба против пејачката Мадона “ – изјави адвокатот на политичката партија.

Имено како што пренесуваат француските медиуми, додека на чело на партијата беше Жан – Мари Ле Пен, односно таткото на Марин Ле Пен, важеше за антимиграциона и расистичка партија. Од како го превзема лидерството Марин Ле Пен постојано се обидува да го промени тој расистички изглед на партијата и да се фокусира на организирање на дебати за место на исламот во француските друштва, со што придоби и нови гласачи.

Марин Ле Пен во првиот круг на гласање на овогодинешните претседателски избори освои 18 % гласови. Но, и покрај успехот на нивната лидерка, партијата Национален фронт успеа да обезбеди само 2 од 577 места во Националното собрание на Франција на изминатите парламентарни избори.

Во продолжение го имате спорното видео кое крена огромна прашина секаде низ светот :

Од Париз за mknews.mk

Јордан Колевски

Tags: , , , ,

Јордан Колевски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1