Дегустатор на чоколадо си дал отказ – добил зголемен шеќер



Ангус Кенеди бил најпознатиот британски дегустатор на чоколадо, а работата си ја вршел во удобна канцеларија во неговиот дом во Мејдстоун и за таа работа добивал плата од околу 3.000 евра.

Тој секојдневно јадел и по 1 килограм бонбони, чоколади и лижавчиња со афродизијак. Поранешниот шампион во веслање од 70 накачил до 83 килограми, па  лекарот го предупредил дека доколку не го промени начинот на исхрана му се заканува срцев удар.
„Некој да ви плаќа за да јадете чоколадо е работа од соништата. Мојата работа беше да пишувам за списание во кое опишувам коков вкус имаат слатките до кои имав неограничен пристап“ изјавил Кенеди.
Тој пред две години го нарекоа Вили Вонка по ликот од филмот на Тим Бартон, па поради тоа тој бил ангажиран како дегустатор и од најголемите производители на слатки во светот.
За жал, по препораката на лекарите морал да ја напушти работата на дегустатор и уредник на списанието посветено на слатки и одлучи да се посвети на пишување. „Тоа е можеби е помалку вкусно, но секако е поздраво“ изјавил Кенеди.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1