Франческо Ракоста, мафијашки шеф од Италија, бил претепан и жив фрлен меѓу свињите кои го изеле, соопштила италијанската полиција
Убиството било извршено од ривалската група на мафијаши, во крвавата војна која меѓу двете страни трае 60 години!Според информациите кои ги пренесоа порталите во Хрватска, убиството, наводно е освета за ликвидацијата на Доменик Бонариго, кој бил шеф на мафијата од подрачјето на Калабрија.
Убиствата биле извршени во 2011 година но италијанската полиција деновиве дошла до докази за овие злосторства.
Истражителите дошле до снимка на која еден член на мафијата прераскажува како го слушал Франческо како вреска, додека го јаделе свињите!