Мафијашка пресметка во Ниш – Ликвидиран познат мафијаш кој прежиевал три обиди за атентат (Видео)


ubistvo savikj

Жител на Ниш Милош Савиќ (29) кој од порано бил познат на полицијата, бил убиен синоќа околу 22,30 часот, кога непознато лице испукал рафал од огнено оружје

28-годишниот Милош Савиќ, припадник на нишкото подземје, синоќа е убиен во центарот на Ниш. Непознато лице испукало неколку куршуми кон Савиќ.

Веднаш по убиството, експлодирало возило „ауди А6“сопстевност на Савиќ, кое било паркирано во соседните улици, што укажува на пресметка меѓу две криминални групи.

Полицијата ги бара сторителите

milosСе претпоставува дека убиениот е жртва на пресметка меѓу нишките криминалци, бидејќи три пати имало обиди за негова ликвидација, од кои последната се случила во март 2012 година

Според изјави на очевидци, во Милош Савиќ било пукано во околу 22.30 часот во близина на кафеаната „Зона Замфирова“, од возило „ауди“ со бугарски регистарски ознаки. По злосторството што го сториле, непознатите напаѓачи веднаш побегнале со автомобили, кој недалеку од местото на убиството го оставиле и го запалиле.

Савиќ бил познат припадник на нишкото подземје, а официјално бил кик-боксер. Тој честопати бил приведуван поради инцидинети во кои било користено огнено оружје и поради препродажба на опојни дроги.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1