Магла наутро – сонце преку ден – викендот дожд


Во Македонија во утринските часови по котлините и долините ке има појава на магла, а во текот на денот ке биде сончево.

Ке дува слаб северен и северозападен ватар, а во западните предели ке дува слаб североисточен. Утринските температури ке се движат од 0°C до 12°C, а максималните дневни температури ке се движат од 17°C до 25°C.

Во Скопје во среда ке биде сончево и топло. Слаб северозападен ветар. Утринската температура од 5°C, а максималната дневна ке достигне до 23°C.

Сончевото и стабилно време ке продолжи и во четврток и петок (во попладневните часови во петок наоблачување). Ке дува слаб југоисточен, а во западните предели слаб југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од 0°C до 13°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 17°C односно до 25°C.

Од сабота следува промена на временската состојба. Балканот ке биде под влијание на студена и воздушна маса, која ке донесе врнежи од дожд и снег и пад на температурите. Врнежи од снег се очекуваат и во пониските предели.

Во Македонија во сабота ке биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите. Во текот на ноќта врнежи од снег се очекуваат на планинските предели над 2500 метри. Ке дува засилен југоисточен а во западните предели засилен југозападен ветар. Ветарот понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ке се движат од 3°C до 14°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 13°C односно до 21°C.

Во недела ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите. Врнежи од снег се очекуваат на висина од 2000 метри надморска висина. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Ветарот понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од 0 до 11 степени, а максималните дневни температури ке достигнат до 7°C односно до 16°C.

 weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1