Магнетната бура на Земјата започна порано од очекуваното


Магнетната бура на Земјата започна во саботата по исфрлањето на короналната маса на Сонцето насочена кон планетава од 12-ти август, иако научниците го очекуваа нејзиниот почеток најрано доцна ноќта кон неделата.

Претходно беше соопштено дека во југозападниот квадрант од видливиот диск на Сонцето, во средата околу 17,18 часот по македонско време е регистрирана силна емисија на короналната маса. Таа се одвивала заедно со распад на ткн соларно влакно и во траење од 141 минута имала компонента насолена кон Земјата.sonce ekplozija

Според научниците од рускиот Хелиофизички центар, тие очекуваа дека магнетната бура на Земјата ќе достигне ноќта кон неделата, 16-ти август, меѓутоа нејзиниот почеток го регистрирале уште во вечерните часови во петокот. Тие велат дека е малку веројатно дека ќе може овојпат да се забележи поларна светлина, но дека се можни прекини на одреден бранови.

Соларните експлозии, во зависност од моќноста на рентген зраците се дела на пет класи: А В,С, М и Х. Најниската класа А0.0 одговара на силата на радијација во орбитата на Земјата од 10 нановати на квадратен метар. Во процесот не преминување на следната буква од скалата, моќноста се зголемува за 10 пати. Сегашната магнетна бура е класифицирана со В 7.0 (S27W27). Овие појави обично се проследени со исфрлање сончева магма чиишто облаци кога ќе достасаат до Земјата може да предизвикаат магнетни бури.

Сончевите бури настануваат кога Сончевите дамки ќе еруптираат и во Вселената емитуваат снопови набиен честички. Тоа може сериозно да го поремети снабдувањето со енергија и радиоврските на Земјата. Ваквите активност на Сонцето обично се проследени со циклуси кои се одвиваат на секои 11 години, а како што забележуваат научниците се чини дека тоа во овој период минува од мирна во активна фаза и последните години овие појави се зачестени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1