Маја Оџаклиевска за болеста на внукот: Тој е во свој свет, така тажен, а тоа е многу болно за семејството


Внукот на пејачката Маја Оџаклиевска, Лука, боледува од аутизам, а таа собра храброст за тоа отворено да проговори пред камерите во српската емисија „150 минути“ и ги повикува и другите родители да не молчат за такви работи туку да се борат за своите деца.maja-odjaklievska5

– Им советувам на родителите да бидат отворени и јавно да зборуваат за аутизмот на своите деца бидејќи така ќе стекнат услови да добијат помош. Ние така најдовме биоенергетичар, квантна медицина. Многу нешта кои му помагаат на Лука и неговиот напредок е евидентен. Не треба да се крие ничиј аутизам, тоа не е ментална болест. Јас мислам дека е сртекнат и дека за тоа е виновна вакцината ММР, но нема сега за тоа да зборувам, бидејќи по таа вакцина тргнаа првите манифестации на аутизмот. Тоа беше кога имаше две години. Затворање, асоцијалност, бегање под маса, изолација. Ваквите реакции тргнаа еден месец откако ја прими вакцината… Просто немаше фокус на мене, а го имаше на 6 месеци. Немаше никаков фокус, никаква интеракција. Можете да викате покрај него, тој е во свој свет и така, тажен. Тоа е многу болно за родителите – изјави Маја Оџаклиевска во емисијата „150 минути“ – пренесе Б92.

– Првите две години ги зборуваше првите зборови кои дете на таа возраст ги изговара – мама, тато, баба. сега веќе не зборува. Тој 5 години молчи. Пее и изговара некои слогови но тоа е се. Мислам дека дојде време нему, со помош на сите луѓе на кои им се обративме, да му се помогне на соодветен начин детето да прозбори. Инаку, се разбира.

Оџаклиевска во интервјуто откри дека најтешки биле првите три месеци во периодот кога Лука се одвоил од родителите и живеел само со неа, со својата баба.

– Одвојувајќи се од родителите тој тоа го манифестираше со самоповредување. Тоа е многу типично за аутистичните деца. како сфаќаше дека јас сум некој кој го сака безусловно, тој стана памук со мене и кон мене – вели Оџаклиевска- пренесува Б92.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1