Мајка херој: Родила близнаци на автопат – го оживеала едното бебе кое не дишело (Видео)


majka avtopat

Линет Хејлс од американската сојузна држава Јута во неделата наутро стана и мајка и суперхерој.

Линет не само што се породила среде пустелија и на свет донела две здрави машки близначиња, туку и со вештачко дишење го спасила животот на едното од бебињата кое по раѓањето не дишело.

Бидејќи терминот и бил дури во август, Хејс со својата пријателка со автомобил тргнала во Невада, но неочекувано пораѓањето започнало додека патувале, и тоа на прилично пуст пат каде ретко минуваат возила.

Пријателката сакала да ја одвезе во болница, но за тоа немало многу време.

majka2Додека пријателката викала полиција и брза помош, Линет го родила првото дете кое во моментот на раѓањето не дишело, па мајка му почнала да му дава вештачко дишење. Во меѓувреме, стигнала и полицијата која продолжила со вештачкото дишење, бидејќи мајката повторно почувствувала контракции и за кратко време го родила и второто момче.

Додека му се раѓало братчето, првото дете почнало да дише и да плаче. Мајката и двете деца, здрави и во добра состојба итно се пренесени во болница. Бебињата сега се добро и одлично напредуваат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1