Мајка и ќерка се оперирале да изгледаат исто- наместо убави станаа страшни


Џорџина и Кајла, мајка и ќерка од Велика Британија, сакале што повеќе да личат една на друга, па отишле на пластичен хирург.

Но тоа не е ниту половина од нивната бизарна приказна. Овие две жени досега потрошија над 88.000 долари на операции, а во видеото 20-годишната Кајла објаснува дека првите операции ги направила кога почнала да се занимава со стриптиз на свои 17 години и притоа запознала спонзор кој секоја недела и давал пари.Screenshot_155

Тие пари ги користела за свои операции како и за мајка и.

-Не ми пречи што Кајла има спонзор или се занимава со стриптиз за да ги платиме пластичните операции зошто го живееме својот сон, вели нејзината 38-годишна мајка Џорџина.

-Да, се согласува Кајла и додава: Знаеме како сакаме да изгледаме.

Тие досега ги зголемија градите и устите, имаат филери во образите, полутрајна шминка, екстензии на косата, избелени заби и неизоставната надградба на нокти и тен од солариум

-Кајла и јас се работиме заедно, а тоа вклучува и пластични операции. Ни се допаѓа да изгледаме исто. Дури купуваме и иста облека, вели мајката.

Навистина сум среќна што имам ќерка како Кајла која ме разгалува и ми плаќа операции. Го живеам сонот. Толку сум среќна. Многу сум горда на неа, додава таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1