Татко и мајка која е во осмиот месец од бременоста, се уапсени откако е откриено дека малтретирале и измачувале петгодишно детенце.
Полицијата од Тексас дојде во куќата на 33-годишниот Тим и 24-годишната Бредли кои откако се скарале со нејзиното синче, го заклучиле и за жал го измачувале со денови.
Кога полицијата стигнала на местото на настанот и го пронашла детенцето, сликата била ужасна.
Детето било изгладнето речиси до смрт, му се познавале сите коски на телото, и делувало како да е излезено измачувано во Аушвиц.
Командирот на полицијата вели дека никогаш не видел нешто слично во кариерата.
– Долго време работам но ова беше шок. Детето е буквално неухрането. Беше полно со модринки и спиеше на валкан душек, вели тој.
Инаку, мајката на детето е бремена со шестото дете.