Полицијата од Мериленд подигна обвинение против жена за која се смета дека ги убила двете деца, и имала обид за убиство на уште две други деца.
Жената ги сторила убиствата додека врз децата вршела егзорцизам. Трагедијата се случила во градче северно од Вашингтон а за Закија Ејвери е обвинета за убиство на едногодишниот син и двегодишната ќерка.
За убиството е обвинета уште една жена, 21 годишната Монифа Сафорд која исто така е уапсена.
Граѓаните од градот Џермантаун синоќа се собрале пред куќата и оставале цвеќе и палеле свеќи за настраданите деца.