Мајка монструм: Се породила, па бебето го замотала во ќебе и го фрлила во река!


Црногорската полиција поднела до Основното државно обвинителство во Рожаје кривична пријава против девојка од ова место поради сомневање дека го убила своето дете по породувањето.

Девојката со иницијали С.Б. се јавила во болницата во Беране поради влошена здраствена состојба.cedomorstvo-doboj-bosanka-policija-620x350-43321

Докторите по прегледот утврдиле дека неодамно се породила, соопштува Врховното јавно обвинителство.

Таа на докторите им раскажала дека родила мртво дете, кое го замотала во ќебе и го фрлила од мост во Ибарчанска река.

Полицијата и пожарникарите вчера го пребарувале коритото на Ибарчанска река и Ибар, а Основното државно обвинителство во Рожаје формирало и предмет и ја сослушале девојката.

По сослушувањето дежурниот обвинител донел решение за задржување и решение за правење на здраствен преглед.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1