Џулијан Мередит МекКејб (34) од Орегон пријавила во полиција дека својот шестгодишен син Лондон, го фрлила од мостот во Њупорт.
“Штотуку го фрлив синот од „Јакина беј“ мостот“, и рекла таа на полицијата преку телефон, давајќи им го описот на нејзиниот син, но дека повеќе не го гледа на површината на водата.
По два дена безживотнот тело на Лондон е најдено на брегот на Њупорт. На една интернет страница таа напишала дека го сака својот сопруг, кој се грижел за неа и синот, но време било таа да ја презема таа улога.
МекКејб е обвинета за тешко убиство, а за стореното злосторство би можела да добие доживотна казна, затоа што се работи за дете помладо од 14 години.