Мајка со рак на кожата сподели шокантно фото за да истакне колку се опасни солариумите


Тони Вилоби (27) добила рак на кожата од прекумерно сончање во солариум. Таа додека била тинејџерка користела солариум и до пет пати неделно.

– Имав свој солариум дома, како и голем број мои пријателки. Сите се сончаа. Тогаш не размислував за иднината, ниту за ракот на кожата, вели оваа храбра медицинска сестра од Алабама.

Ракот на кожа кај неа бил дијагностициран кога имала 21 година. Оттогаш па досега, болеста се враќала шест пати. Постојано оди на лекување, а секој пат кога ќе оди, наоѓаат нов тумор.

rak koza 33

„Ако некој има потреба од малку мотивација за да не легне во солариум или на сонце, еве ја. Вака може да изгледа лекување на рак на кожата. Користете крем со заштитен фактор и кремови за самопотемнување. Имате само една кожа и треба да се грижите за неа. Учете од грешките на другите луѓе. Не дозволувајте потемнувањето да ве спречи да ги гледате вашите деца како растат. Тоа е мојот најголем страв сега кога и самата имам двегодишно момче“ – напиша Тони.

Таа се фотографирала во моментот кога туморот и ја напаѓа кожата и таа фотографија ја сподели на социјалните мрежи, поради што стана интернет хероина.

Не дозволувајте тенот да ве спречи да ги гледате вашите деца како растат. Тоа во моментов ми е најголемиот страв, рекла таа.

03_0

Тони се лекува со посебни креми, а лекарите ги отстрануваат туморите со течен азот. Поради ова, Тони, која е мајка на едно дете има длабоки лузни на лицето.

„Многу сум благодарна што немам меланом! Ракот на кожа не е секогаш бемка, само еден од моите беше бемка. Прегледајте ја секоја нова и сомнителна точка или флека која расти. Прегледајте сè што не заздравува, кое крвари и е стврднато. Колку побрзо го откриете, толку е помала веројатноста да ви остане деформирачка лузна или да порасне доволно длабоко за да метастазира“ – ова е пораката на Тони до сите обожаватели на темниот тен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1