Малолетна девојка од Шуто Оризари, пред да тргне да го подои своето бебе, кое било примено на Детската клиника во Скопје како итен случај, пушела цигара во оставата на петтиот кат од болницата.
Taa невнимателно оставајќи ја го предизвикала малиот пожар, кој предизвика страв и паника не само кај болничкиот персонал, туку и кај родителите чии деца се хоспитализирани, дознава Плусинфо.
За среќа во пожарот освен материјалната штета, нема повредени.
Среќа било што вработените навреме го забележале огнот, па ги повикалете колеги и противпожарна единица и ги евакуирале децата од Одделот за доенчиња и цистична фиброза.
Истражителите веќе разговарале со мајката. Денеска на Детска се чистеа остатоците од вчерашната драма, која според директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова започнала околу 20 часот
Детето на малолетничката имало бронхитис и веднаш било хоспитализирано на одделот. Кога започнало примопредавањето на смените, мајката го зела бебето од собата, ставила две цигари на ушите и излегла. Седнала на столче во малата соба која вработените ја користат како магацин за потрошен материјал.
Откако повлекла неколку дима, таа станала и ја фрлила цигарата, чиј жар ги потпалил запаливите предмети. Во пожарот изгоре детска инвалидска количка, два искористени детски душеци и хартија.
Неколкуте ходници низ болницата, како и тој на Одделот за доенчиња и цистична фиброза, смрдат на чад
Од скопската противпожарна единица велат дека среќа било што пожарот навреме е локализиран, бидејќи во болницата има опасни хемикалии и кислородна инсталација, која ако се запалела ќе направела невидени последици.
Plus Info