Истражувачите го отфрлаат митот за алтруизмот и великодушноста на Мајка Тереза. За митот за алтуризам и великодушноста кои ја опкржуваа Мајка Тереза, е направена студија од страна на Серж Лариве, Женевиев Ченард и Керол Сенечал, од Универзитетот во Монтреал која ќе излезе во месецов.
Во потрагата по документацијата за феноменот на алтуризмот за животот и делото на една од најзначајните жени на Католичката црква и сега дел од нашата колективна имагинација, Мајка Тереза, позната и по вистинското име Агенс Гонџа, тројцата истражувачи се шокирале од тоа што го дознале.
Тие успеале да соберат 502 документи за животот и делото на Мајка Тераза, од кои елиминирале 195 дупликати, со што им останале 96% од документите за преработка за животот и делото на основачот на Редот на Мисионерите на љубовта.
Притоа откриле неколку интересни факти кои го разоткриле митот за Мајка Тереза, од нејзините сомнителни политички контакти, нејзиниот сомнително управување со огромните суми на пари кои што ги добивала, па се до нејзините премногу догматски ставови во врска со абортусот, контрацепцијата и разводот.
Болните мора да страдаат како Христос на крстот
Во времето на нејзината смрт Мајка Тереза остварила 517 мисии за сиромашните во повеќе од 100 земји. Мисиите биле опишани како „Домови за умирање“, од страна на лекарите при посетата на неколку од овие установи во Калкута.
Две третини од луѓето кои доаѓале на овие мисии се надевале дека ќе најдат лекари кои ќе ги третираат, додека останатите само лежеле без да им биде дадена соодветна нега. Кај лекарите биле забележано значителен недостаток на хигиена, недостаток на погодни услови, како и недостаток на вистинска грижа, несоодветна храна и недостаток на лекови против болки.
Проблемот не е во недостатокот на пари – Фондацијата создадена од страна на Мајка Тереза собрала стотици милиони долари – туку одредената концепција на страдањето и смртта.
„Има нешто убаво во гледањето на сиромашните да страдаат како Исус на крстот.
Светот добива многу од нивните страдања“, беше нејзиниот одговор на критиките на новинарот Кристофер Хитченс. Сепак кога Мајка Тереза побарала палијативна нега, таа ја добила во модерната американска болница.
Сомнителна политика и тајното сметководство
Мајка Тереза била дарежлива со своите молитви, но доста алчна во поглед на фондациите од милиони долари во поглед на страдањето на човештвото.
Во текот на бројните поплави во Индија или по експлозијата на фабриката за пастициди во Бопап, таа нудела многубројни молитви и медалјони на Пресветата Богородица, но не и некаква парична помош.
Од друга страна таа немала сомнежи за прифаќањето на Легијата на честа и грантот од диктатурата на „Duvalier“ во Хаити. Милиони долари биле префрлени на различни банкарски сметки, но поголемиот дел од сметките биле чувани во тајност“, вели Лариве.
„Со оглед на нејзиниот менаџмент и управување со средствата, многумина се прашувале, каде биле потрошени милионите долари за уште посиромашните и од сиромашните?
Големите медиуми и план за светоста
И покрај вознемирувачките факти, како Мајка Тереза успеала во градењето на имиџот на светост и бескрајна добрина?
Според тројцата истражувачи, нејзиниот состанок во Лондон во 1968 година, со новинарот на Би-Би-Си за анти-абортус, Малком Мугериџ, новинар кој ги дели нејзините десничарски католички вредности, е од суштинско значење. Мугериџ одлучил да ја промовира Мајка Тереза, која последователно ја открила моќта на мас-медиумите.
Во 1968 година, тој направил еулогистички филм на мисионер и ја промовирал неа со припишувањето на „првото фотографско чудo“, а во план било да направи акционен филм.
Веднаш потоа Мајка Тереза, патувала низ светот и добила бројни награди, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир. Во нејзиниот говор на тема на босанските жени кои биле силувани од страна на Србита, а потоа барале абортус, таа изјавила:
„Чувствувам дека најголемиот уништувач на мирот денеска е абортусот, поради тоа што тоа е директна војна, директно убиство на самата мајка“.
По нејзината смрт Ватикан одлучил да се откаже од вообичаениот петгодишен период на чекање за отворање на процес на беатификација. Чудото кое беше пропишано на Мајка Тереза беше излекувањето на една жена по име Моника Бесра, која боледувала од интезивна болка во стомакот.
Жената просведочила дека таа оздравела благодарение на медалјонот благословен од Мајка Тереза кој бил ставен на нејзиниот абдомен. Докторите сметале поинаку, дека нејзините јајници биле заболени со цисти, и дека жената боледувала од туберколоза, а оздравела од лековите кои што тие и ги давале. Ватикан на крајот пресудил дека станува збор за чудо. Популарноста стигнала до тој степен што таа станала недопирлива за населението кое што ја прогласило за нивен светец.
„А што може да биде подобро од беатификацијата проследена со канонизација на ваков модел со цел да се ревалитизира. Црквата и да ги инспирира верниците особено во време кога црквите се празни и нивниот авторитетот е во опаѓање?“, се запрашале тројцата истражувачи.
Позитивниот ефект на Мајка Тереза е само мит.
И покрај сомнителниот начин на Мајка Тереза за грижата за болните, од славењето на нивното страдање, наместо ослободувањето, Серж Лариве и неговите колеги истакнале дека позитивниот ефект на Мајка Тереза е само мит.
„Ако извонредната слика на Мајка Тереза се пренесе во колективната имагинација и со тоа се охрабруваат хуманитарните иницијативи, кое се поврзани со оние кои се сиромашни и скршени токму од моќта и богатството, тогаш таа слика е нешто на кое што само може да му се радуваме.
Многу е веројатно дека таа инспирираше голем број на хуманитарни работници чија акција навистина ги ослободи сиромашните од страдањето. Сепак медиумското покривање на Мајка Тереза можеше да биде и малку повеќе ригорозно.