Мајката на еден од бомбашите сомоубијци кои учествувале во терористичките напади во Париз за прв пат се обрати во јавноста.
Во тој напад страдал само младиот терорист, но подоцна се нагаѓаше дека таквиот „позитивен расплет“ се случил само поради тоа што Хадиј не го пуштиле на натпреварот помеѓу Франција и Германија кој во тоа време се играше на Стад де Франсе.
Фатима зборувала за белгиски ТВ канал кој најмногу го следат марконаските жители, претежно населени во бриселскиот кварт Моленбек.
-Немав поим што се случуваше со него, ништо не укажуваше дека тој ќе стане фанатик, беше како и сите други момчиња на негова возраст. Наспроти се, терористие успеле да дојдат до него. Можеби требаше да бидам поблиска со своите деца можеби тогаш ќе забележев дека тој се сменил – навела Фатма.
Таа кажал дека се уште не знае која била улогата на нејзиниот син во нападите.
-Горда сум што никого не уби…Освен себе, секако – заклучила Фатима.
Белгиските власти наредиле испрашување на факултетските колеги на Билал кои наводно оваа година го пријавиле неговиот пат во Сирија, но полиција не ги добила тие информации.
Во терористичките напади во Париз загинаа 130 луѓе.