Мајката на Јашари и покрај болката силно порачува – јас сум мајка на сите деца во неволја


Семејството на убиениот тинејџер Јашари се уште ја преживува болката од загубата на своето чедо. Младиот Јашари загина во дворот на училиштето обидувајќи се да му помогне на своето другарче македонец – кого го нападнале насилници. Неговите убијци добија затворски казни – но тоа нема да го врати Мети ниту да ја надомести болката во ова прекрасно семејство, Утрински весник направи прекрасно интервју со нив , кое влева надеж дека има надеж за сите нас – ви пренесуваме дел од интервјуто.

Oваа храбра 46-годишна жена вели дека како мајка ја разбира болката на сите мајки. Таа била на протести и кога загина Мартин Нешкоски и кога се протестирало за убиените деца кај Железарско Езеро, а сега е редовна во активностите на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

jasari2
„Имаше некаква иницијатива да се организираат протести и за убиството на Мети. Јас не дадов согласност. Не сакав на некакви протести да му се случи нешто на некое друго дете. Не сакав никој да биде повреден, бидејќи во такви ситуации никој не може да ја контролира толпата“, вели Џемаил Јашари и додава дека најмалку од се’ сакал политизација на неговиот случај.

jasari„Се јавуваа и политички партии. Имаше притисоци и од една и од друга страна. Јас не сакав да слушнам за тоа: Албанци и Македонци. Мене тоа нема да ми помогне и нема да ми го врати детето“, вели Џемаил Јашари. Тој и натаму одбива да ја коментира пресудата за оние кои се посредно или непосредно виновни за загинувањето на малиот Мухамедали. За него е важно тоа што е утврдена вината, иако го нема виновникот.

Фетие Јашари ни кажа дека нејзиниот син го добил името по неговиот дедо Муаремали, кој за време на Втората светска војна спасил од сигурна смрт многу Македонци во селото Шишево. Фетие вели дека нејзиниот Мухамедали и карактерно потсетувал на неговиот дедо зашто секогаш се ставал на страната на послабиот.

Нивните други деца неможат да преболат дека го загубиле братот – Секогаш кога ќе го споменат – плачат.

,,Затоа и ги насочуваме на дружење, забава со компјутер и со спорт. Ќерката, која е седмоодделенка неодамна се врати од ученичка Олимпијада, која се одржуваше во Турција. Биле само пет-шест деца од Македонија, а таа се натпреваруваше во атлетика. Не освои медал, но таму ја претставуваше својата земја и ние сме горди на неа. Од скоро таа освен со атлетика, се занимава и со одбојка“, раскажува мајката Фетие и вели дека таа не е само мајка на нејзината Афродита и на синот Селим, туку и на сите други деца, особено ако се во неволја.

Целото интервју на – Утрински весник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1