Катерина Џексон која има 82 години не исчезнала пишува американскиот портал ТМЗ. Таа се јавила во полиција и ги известила дека со неа е еден од членовите на семејството и дека се е во ред.
Еден извор тврди дека Госпоѓата Џексон се наоѓа во Аризона, информација која неодамна на Твитер ја потврди и еден од нејзините синови.
– Мојата мајка е добро и се одмара во Аризона по препорака на лекарите. Таа ни е мајка, а нејзиното здравје е на прво место, стои во изјавата на Твитер.
По мајката на Мајкл беше покрената истрага откако нејзиниот внук пријавил дека е исчезната тврдејќи дека заедно со роднините веќе една недела безуспешно се обидуваат да стапат во контакт со неа.
Мајката на Џексон на 15 јули го напуштила својот дом во Калифорнија и заминала во ново Мексико за да присуствува на концертот на Џексоновите браќа. Нејзиниот адвокат открива дека таа е на патување со нејзината најстара ќерка Реби.