Во ексклузивен разговор за Магазин, мајката од убиеното момче Пино, откри до сега необјавени детали за животот на Пино како и детали за убиството и обвинетата, Ангела Ѓорѓиевска.
Трпковска одговори и на прашањето дали нејзиниот син бил во врска со Ангела.
„Тој не беше со неа, Ангела беше девојка на другар од Пино. Мојот син уште кога беше во врска со едно девојче што го имаше порано, Ангела почнала да му се удвара. И уште тогаш мојот син почна да ја избегнува Ангела, но таа се надевала дека ќе биде богата снаа „Италијанка„.
Што мислите зошто го има смислено ова монстроузно убиство?
„Од љубомора, ова го има направено за да му се одмазди. Таа му пишуваше нон стоп. Пред да биде Пино убиен на 21 октомври јас ги читав пораките. Ангела му рекла дека ќе има собир со коли, бидејќи Пино сакаше многу коли и го прашала дали ќе одат заедно. Тогаш Пино и одговорил на Ангела дека нема пари, но тоа тој го рече бидејќи му беше срам со неа да излегува.
Целото интервју со многу детали раскажани од мајката на убиениот Пино, прочитајте го на МАГАЗИН.