Мајката на терористот што закла свештеник: Тој е добар, не сум одгледала ѓавол


Мајката на 19-годишниот терорист на ИД кој го закла свештеникот во црква во Нормандија, за француска телевизија изјавила дека нејзиниот син не е чудовиште.majka-na-terorist

Абдел Малик Петижан влегол во црквата заедно со Адел Кермиш. Двајцата го присилиле 85-годишниот свештеник Жак Хамел да клекне, а потоа му го пресекле гркланот пред очите на чесните сестри и на верниците.

Мали се наоѓал на листата поединци под надзор поради обиди да замине за Сирија преку Турција минатиот месец.

Неговата мајка, Јамина Петижан ги отфрла наводите дека тој е вмешан во нападот.

– Да, тоа е тој на фотографијата. Но, тој е добар Французин. Нежен е. Го познавам своето дете. Не сум одгледала ѓавол. Го познавам синот. Тој нема врска со ова. Тој не е чудовиште, а сега сите тоа го велат – рекла таа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1