Мајката се уште не знае дека бебето и деверот починале


Телата на осуммесечниот Андрија Маринковиќ и неговиот чичко Никола Маринковиќ, кои во понеделникот загинаа во тешката сообраќајна несреќа кај Удово, пренесени се од Скопје во Чуприја и денеска ќе бидат заедно погребани.

-После завршената обдукција и административните процедури, Андрија и Никола се донесени во Чуприја. Сандаците со нивните посмртни остатоци најпрво беа во капела, а потоа се пренесени во семејната куќа- вели за српски Курир, роднина на Маринковиќ.

dragan-marinkovic-marija-marinkovic-1406674971-543015Според неговите зборови, најмладиот член на семејството, Андрија ќе биде погребан покрај својот чичко, а тагата да биде поголема, на неговото последно испраќање нема да присуствува неговиот татко  и братот на Никола, Драган, како ни неговата сопруга Марија, која има тешки повреди на кичмата.

-Драган остана во скопската болница, во која постојано ја надгледува својата жена Марија и постариот син Матија. Болката и тагата која тој ги чувствува се неописливи, посебно поради тоа што нема да присуствува на погебот на синот и братот. Незнам од каде му е силата –  вели роднината.

Марија Маринковиќ на која во судирот и е скршен вратниот дел од кичмата и понатаму е во болница, а лекарите по седум дена успеаја да ја стабилизираат нејзината состојба.

– Нејзините повреди се тешки и беше во критична состојба, но сега е малку подобро. Свесна е, но и понатаму не знае дека бебето и деверот и починаа. Единстевена светла точка во целата трагедија е што Матија е добро и успешно заздравува после операцијата на бутната коска и карлицата- вели соговорникот на Курир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1