Росамера Фернанда де Андраде (31) има три црни деца и три целосно бели, албино деца.
Оттогаш поминале 14 години, а нивното семејство привлекува внимание каде и да се појави.
„Луѓето чудно не гледаат кога сме заедно. Чувар на еден трговски центар мислеше дека само три деца се мои, а дека на останатите сум им дадилка. Некои мислат и дека сум го изневерила поранешниот сопруг со белец“, раскажува Росамера.
Додека Жоао (13), Ребека (5) и Марија (2) безгрижно си играат во дворот, Рут (14), Естефани (12) и Кауан (9) можат да излезат надвор дури кога ќе се намачкаат од глава до петици со крема за сончање.
„Нивната кожа нема природна заштита од сонце и се плашам дека еден ден би можеле да заболат од рак. Не ги пуштам да излезат од дома ако не носат шешири и облека со долги ракави“, објаснува Бразилката.
Албино дечињата честопати биле тажни затоа што не можат да прават сè што прават и нивните две сестри и брат. „Во текот на летото сме како затвореници или вампири“, кажала Естефани.