Мајката црнкиња, таткото црнец, а децата – целосно бели!


Росамера Фернанда де Андраде (31) има три црни деца и три целосно бели, албино деца.

Кога бабицата ѝ го донела целосно белото бебе со светли очи, Бразилката со африканско потекло мислела дека станува збор за грешка. Меѓутоа, лекарите ѝ објасниле дека таа и нејзиниот тогашен сопруг се носители на албино ген.03_albino10038253_ff

Оттогаш поминале 14 години, а нивното семејство привлекува внимание каде и да се појави.

„Луѓето чудно не гледаат кога сме заедно. Чувар на еден трговски центар мислеше дека само три деца се мои, а дека на останатите сум им дадилка. Некои мислат и дека сум го изневерила поранешниот сопруг со белец“, раскажува Росамера.

Додека Жоао (13), Ребека (5) и Марија (2) безгрижно си играат во дворот, Рут (14), Естефани (12) и Кауан (9) можат да излезат надвор дури кога ќе се намачкаат од глава до петици со крема за сончање.
„Нивната кожа нема природна заштита од сонце и се плашам дека еден ден би можеле да заболат од рак. Не ги пуштам да излезат од дома ако не носат шешири и облека со долги ракави“, објаснува Бразилката.

Албино дечињата честопати биле тажни затоа што не можат да прават сè што прават и нивните две сестри и брат. „Во текот на летото сме како затвореници или вампири“, кажала Естефани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1