Мајки отворете очи: Во сладоледот има опасна состојка, која предизвикува многу болести


Научниците потврдиле дека замрзнатите десертни производи каде спаѓа и сладоледот содржат многу шеќери но имаат мала хранлива вредност. Претерувањето со ваква храна може да доведе до гојазност и дијабет, а во некои случаи може да ги влошат постоечките здравствени проблеми. Затоа оваа храна не би требали да се најде на трпезата како нормален оброк. Во сладоледот се крие опасен адитив кој како што тврдат лекарите, може да предизвика многу болести.

sladoled_dete_1372853179_670x01. Аспартам или вештачкиот шеќер, иако одобрен од американскиот Завод за заштита на здравјето (ФДА) како безбеден додаток на храната, сепак, се’ повеќе истражувања покажуваат колку може да биде штетен врз здравјето на луѓето. Овој неенергетски синтетички интензивен засладувач – Л фенилаланин 1 метил естер, според научните студии, може да предизвика многу штетни дејства, меѓу кои и тумор на мозокот, слепило и дури 90 други болести. Со овие податоците научниците сакаат да го свртат вниманието на луѓето дека не знаејќи, со храната внесуваат и опасни материи во организмот.

Аспартамот денеска се користи во најмалку 6.000 производи. Продукти за дијабетичари, гуми за џвакање, нискокалорични пијалаци, чоколада, засладени инстант-кафиња, пудинзи, ладни чаеви, јогурти… се производи кои најчесто содржат аспартам, па се препорачува читање на декларацијата на амбалажата на производот и да се обрне внимание на засладувачот.

Во Европскиот систем на означување на прехранбените адитиви Е броеви го има кодот Е951. Дозволена дневна количина на аспартам во ЕУ е 40 микрограми на килограм телесна тежина.

2. Сладоледот многу често го содржи емулгаторот карагенан Е 407, па децата не треба да го внесуваат бидејќи е потенцијален предизвикувач на рак. Во големи количини тој предизвикува рак на дебелото црево.

Децата треба да избегнуваат не само сладолед туку и сувомеснати производи, конзервирана храна, кекс, краосани и се што може долго да стои.

Аспартамот не е природен производ, туку хемикалија чија молекула содржи 50 отсто фенилаланин, 40 отсто аспартична киселина и 10 отсто метил естер, кој кога ќе се проголта, се претвора во метанол, кој е чист отров.

Формалдехидот е познат како канцерогена супстанција, ја оштетува мрежницата на окото, ја попречува репликацијата на гените или ДНК, предизвикува деформации кај новороденчињата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1