Мајки, внимание: Ова средство за чистење предизвикува инфекции и воспаленија кај децата!


За да ги заштитат своите деца од разни бактерии и болести, родителите неретко се определуваат за средството за избелување во процесот на дезинфекција. Тоа што никој не го очекувал е дека според најновите истражувања токму средството за избелување е причина за зголемен ризик на појава на инфекции кај децата.prodavnica-otrov-830x553

Истражувачите дошле до заклучок дека средството за избелување го зголемува ризикот од инфекции кај детето дури до 35 отсто. Тоа се однесува на деца помеѓу шест и 12 години.Истражувачите, предводени од Лидија Касас претпоставуваат дека по користењето на избелувачот во воздухот се испуштаат иритантни соединенија, кои во детските бели дробови доведуваат до воспаление и зголемена чувствителност кои предизвикуваат разни инфекции.

Се уште не е сигурност утврдено како избелувачот негативно влијае врз организмот на вашите деца, но едно е сигурно: ги убива бактериите и му штети на човечкиот организам.

Доколку го користите ова средство во вашиот дом, лекарите препорачуваат брзо да го измиете по неговата употреба. Доколку го користите во тоалетот, правете го тоа со отворен прозорец или вентилатор. Тие препорачуваат дека најдобро е да го користите во спреј, така што во шише со со пумпица ќе ставите една десетина избелувач, а остатокот ќе го наполните со вода.

Мајкаидете.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1