Македонци 54,21 %, Албанци 29,52 %: Ова се резултатите од Пописот 2021


Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Ова се резултатите од Пописот на населението и домаќинствата спроведен во текот на минатата година во Северна Македонија. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.

Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.

Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои се надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски рече дека успешно и професионално е завршен процесот на попишување на населението домаќиствата и становите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1