Македонец добил отштета од 400.000 долари – доживеал стрес


На возачот на автобус, кој доживеа нервен слом кога несвесно префрлил воени кадети на „сликовито“ симулирана сцена на масакр, му биле исплатени повеќе од 400.000 австралиски долари.

Возачот на автобус од Канбера, Васко Петровски, превезувал офицери во близина на Сината Планина за вежбата „Стретон“ во февруари 2008 година, додека работел за изведувачот „Серко Содексо дифенс сервисис“.

pariУжасната тренинг-операција била испланирана, меѓу другото, за да ја обучи групата со „техники за управување со страв“.

Операцијата вклучувала соочување на кадетите со грозна, реална сцена на судири, комплетно со лажна крв, откинати делови од тела, кукли за спасување и опрема за симулирање жртви.

Проблемот бил што возачот на автобусот не знаел каде оди. Како што Петровски се приближувал кон областа, наеднаш бил сопрен од една млада жена, која молела за помош. Видел дека таа била легната на земја со повредена нога. Петровски потоа погледнал наоколу и во близина видел минибус. Сцената стана ужасна за возачот роден во Македонија, кој служел во југословенската армија во 1970-тите години.

Тој видел војник кој се чинело дека е мртов со дел од мозокот истурен на земјата и забележал „многу крв“. Човек кој седел во предниот дел на автобусот наведнат над сирената, со излезено око. Тој видел уште две мртви тела легнати на земјата и друго лице со извадени јазици.

Првата мисла на Петровски била дека некој ги убил војниците со автоматска пушка и дека убиецот се’ уште е на местото на злосторството.

„Тој мислел дека се случил масакр“, напиша Ентони Бесанко од Врховниот суд во пресудата објавена во петокот.

Возачот испаничил и почнал да се обидува да им помага на жртвите, додека еден од офицерите не го повлекол и му кажа дека станува збор за обука.

Петровски, кој бил видливо потресен и имал променлива температура, бил однесен во автобусот за да се смири. Потоа, на крајот бил однесен во кампот каде што престојувал во Литгоу, а подоцна бил вратен во Канбера. Но, шокот од „масакрот“ останал со него.

Тој тврди дека добил ментална болест поради преживеаниот нервен слом и ги тужи австралиските одбранбени сили (АДФ) и „Серко Содексо дифенс сервисис“ пред АЦТ Врховниот суд. Но, АДФ ги бранеа своите постапки, наведувајќи дека целосно го информирале него и другите возачи за тоа што може да видат.

Еден водник дури сведочеше дека возачот дури и го прашал дали ќе имаат скара откако тие требувале две кутии со внатрешни органи и шестлитарски шишиња од доматен сос. Водникот тврдел дека му кажал на Петровски дека месото и сосот ќе се искористат за да се симулира место на судири. Офицерот наведе дека тужителот помогнал да се истоварат опремите за симулирање жртви, доматниот сос и кутиите со внатрешни органи и рече дека на сите возачи им било кажано да бидат внимателни во однос на војниците кои лежеле на земјата.

Судијата Бесанко најде голем број на „незадоволителни“ аспекти на доказите на Петровски, вклучувајќи ја и неговата збунетост кога бил прашан за постоење на можни коцкарски проблеми.

Во евиденцијата на АДФ за операцијата се забележува дека возачот доживеал стресна реакција за време на симулација.

Канбера тајмс/Утрински

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1