Џенифер Анистон го најмила за својата свадба како агент управителот на хотелот “Sunset Tower” во Лос Анџелес, кој е по потекло од Македонија.
Актерката одлучила да го побара посочениот господин – Димитри Димитров – да ѝ помогне во организирањето на брачната церемонија со Џастин Теру, бидејќи тој ѝ е добар пријател со години.
“Димитри секогаш ја пренесува преку задниот влез на хотелот, за да не ја нападнат папараците. Џен има голема доверба и затоа тој ќе организира прославата.
Покрај тоа, тој има големо искуство во организацијата на настани, а е и многу вешт во почитувањето на целосна доверливост “, тврди близок на ѕвездата.
46-годишната Анистон планира да се омажи за својот вереник во својот дом во Бел Ер оваа есен. Готвачи на предметниот хотел пак ќе се погрижат за храната на свадбата.
Димитри е познат во светот на шоу-бизнисот како “Мажот на кулата”, поради тоа што е во тек со сите конфликти меѓу славните личности и секогаш прави така да завојуваните ѕвезди седнат далеку една од друга во ресторанот на хотелот, за да се избегнат незгодни ситуации.
ZaZabava.mk