Oд ноќеска летно сметање на времето, поместете ги стрелките на часовникот за еден час нанапред


Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, утре во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава.

В недела на 29 март, часовниците треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.letno-smetanje-na-vremeto saat casovnik

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен. Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1