Македонец ја планира свадбата на Џенифер Анистон


Џенифер Анистон го најмила за својата свадба како агент управителот на хотелот “Sunset Tower” во Лос Анџелес, кој е по потекло од Македонија.

Актерката одлучила да го побара посочениот господин – Димитри Димитров – да ѝ помогне во организирањето на брачната церемонија со Џастин Теру, бидејќи тој ѝ е добар пријател со години.jennifer-aniston-kimmel-justin-theroux

“Димитри секогаш ја пренесува преку задниот влез на хотелот, за да не ја нападнат папараците. Џен има голема доверба и затоа тој ќе организира прославата.

Покрај тоа, тој има големо искуство во организацијата на настани, а е и многу вешт во почитувањето на целосна доверливост “, тврди близок на ѕвездата.dimitri

46-годишната Анистон планира да се омажи за својот вереник во својот дом во Бел Ер оваа есен. Готвачи на предметниот хотел пак ќе се погрижат за храната на свадбата.

Димитри е познат во светот на шоу-бизнисот како “Мажот на кулата”, поради тоа што е во тек со сите конфликти меѓу славните личности и секогаш прави така да завојуваните ѕвезди седнат далеку една од друга во ресторанот на хотелот, за да се избегнат незгодни ситуации.

ZaZabava.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1