Македонец кандидат за градоначалник на Париз


Кристоф Најдовски чии родители имаат македонско потекло е кандидат за градоначалник на Париз, каде што ја предводи листата на партијата на Зелените, пренесува МИА. Најдовски е единствен политичар во Франција што се кандидира за толку висока функција, а можеби и во Западна Европа, кој е со потекло од Македонија

kristof-najdovski3– Можеби јас сум првиот политичар, тоа ми дава извесна гордост, но и извесна одговорност кон земјата од каде потекнувам од Македонија. Тоа ми дозволува да им порачам на оние кои се во дијаспората и се со потекло од родители кои емигрирале во други земји дека можат да се интересираат за јавниот и политичкиот живот во градот и земјата во која сега живеат, со што можат да го подобрат животот на луѓето. Ова е и смислата на моето ангажирање во Париз, изјавил за Дојче веле, Кристоф Најдовски.

Во политиката, која не е негова професија, како што посочува, влегол „преку екологијата“, сакајќи да биде „актер, а не гледач“. Тој и партијата Европа Зелени Екологија има тесни контакти со пријателите од македонската политичка партија ДОМ, која има статус на набљудувач во Европската партија на Зелените.

– Јас ги посетив моите пријатели од ДОМ минатата година во Скопје, а имав можност да разговарам со нив и во Париз на состанокот на Европската партија на Зелените. Се обидуваме да пренесеме дел од нашите искуства, јас посебно од моите искуства како избран во градот Париз, со совети за развој на еколошката свест на граѓаните, наведува Најдовски.

Кристоф Најдовски, кој е советник во градскиот совет, вели дека постои извесна незаинтересираност во Франција за овие земји, кои се европски земји и кои имаат определба да бидат интегрирани во ЕУ. Смета дека ЕУ треба да го забрза процесот на нивната интеграција, наместо да ги блокира.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1