Македонец ќе биде заштитно лице на голема компанија од Албанија


Иван Наунов, дел од македонската модна агенција „Моделс ИН“ во соработка со Решад Османи од „Стратан продукција“ направи фотосесија со која ќе се презентира пред албанската публика.

ivan-naunov– „Испративме неколку аматерски фотографии на конкурс за заштитно лице за голема компанија во Албанија, Иван влезе во потесниот круг па од нас побараа да направиме професионална фотосесија. Мислам дека одлично излезе и искрено се надевам дека Иван ќе успее да победи на изборот, негови ривали се веќе добропознати албански модели“, вели Решад Османи.

Иван Наунов потекнува од Приштина, а веќе долго време живее во Скопје. Досега во Македонија беше ангажиран за разни каталози, а неговиот талент и фотогеничност наскоро ќе може да се види низ целиот Балкан бидејќи производите од компанијата се веќе достапни насекаде.

– „Искрено многу сум задоволен од професионалниот пристап на Решад. Ми беше задоволство да работам со него. За изборот останува да видиме, според правилата пријавен сум под шифра за да нема пристрасност, па ќе видиме како ќе се одвиваат настаните. Патем сакам да се заблагодарам на сите што ме следат на Фејсбук, нивната поддршка ми дава мотив и енергија за нови успеси. Однапред се извинувам за лажните профили, тоа е над моја надлежност, сепак сите што сакаат да ме следат, тоа можат да го направат на официјалниот профил: www.fb.com/inaunov“, вели Иван Наунов.

ivan-naunov4

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1