Македонец обвинет за 50 сексуални напади на жени во Данска


Триесет и тригодишен државјанин на Македонија се соочува со обвинение за 50 напади на жени во Kопенхаген, Данска. Идентитетот на нашинецот на се открива иако во минатата недела полицијата објави негови слики бидејќи осомничениот побегнал од психијатриско одделение каде што бил чуван со полиција, пишува Дневник.makedonski-siluvac

Сепак, драмата за неговото бегство не траеше долго. По околу ден и пол во бегство тој самиот се пријавил во полиција.

– Осомничениот нападите ги изведувал во вечерните часови, а претходно избирал жени кои само се движеле низ градот. Тој чекал погоден момент да ги запре, по што ги фаќал за градите и бакнувајќи ги или најчесто лижејќи им ги лицата. Во најмалку два случаја тој се обидел да има сексуален однос со жртвите – изјавил инспекторот Брајан Белинг.

– Го товариме за 50 напади за кои сме многу сигурни дека тој ги извршил. На тоа укажуваат материјалните и технички траги, како и ДНK-траги и слично. Откако осомничениот беше уапсен, па досега не беа забележани слични напади, ниту, пак, извршени на тој начин. Затоа веруваме дека обвинението ќе биде против вистинскиот човек – рекол Белинг.

Како што пишува Дневник, бидејќи фотографијата на Македонецот по бегството од болницата е објавена во јавноста од полицијата апелираат ако некоја жена го препознала осомничениот како можен напаѓач да го пријави случајот.

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1