Македонец пијанист ја освои Чешка – стана професор по пијано во Прага


Младиот пијанист Крсте Бадаровски средно музичко училиште завршува во Скопје, во класата на проф. Људмила Романова и Самира Мемедова – Мустафовска. Потоа, како еден од најдобрите студенти во својата генерација, заминува во Прага, Чешка, каде ги продолжува студиите на Прашкиот конзерваториум за музика, во класата на еминентните чешки пијанисти и професори Максијан Франтишек и Ева Богуниова. Студиите ги завршува во 2012 година, а денес работи како професор по пијано во Прага и редовно настапува низ Чешката Република, како и во други земји.

Krste badarovskiТочно е тоа дека станав професор по музика и музички изведувач, но тоа се случи за време на студиите. Не беше воопшто лесно да се заземе добра позиција во културниот живот во Чешка посебно како странец, но и поради огромната конкуренција. Се покажа на крајот дека квалитетот и упорната и посветена работа се исплатеа и беа позитивно оценети од институциите и од луѓето овде.

Секогаш кога имам прилика со многу љубов изведувам дела на македонски композитори, но и мои композиции. Како добитник на наградата од СОКОМ за еден од најдобрите македонски изведувачи на класична домашна музика, доста често ја изненадувам странската публика со интересни музички дела од моите омилени македонски композитори – Властимир Николовски, Томислав Зографски, Тома Прошев, Тодор Скаловски но и на многу други.

Спомнавте дека изведувате и Ваши дела. Каква музика пишувате?

Да, во слободно време се трудам и да компонирам. Најчесто компонирам класична, но и популарна-комерцијална музика.

 Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1