Постојат луѓе кои растат во духот на традицијата и на православното и на католичкото одбележување на големиот ден и за нив датумите немаат никакво значење. Еден од нив е и 26-годишниот Македонец Гордан, кој студира во Лондон, а има и бугарско потекло. За бугарската телевизија Нова тој зборуваше за Божиќ – вели тој е Македонец со бугарски корени, ги слави и двата божиќа и на 25 декември и на 7 јануари. Во интервјуто зборува и на бугарски и на македонски јазик и упати апел дека се што кажал е во духот на заеднички живот и се надева дека нема да се злоупотреби за политички потреби и од двете страни.
Гордон има 26 години и откако знае за себе, тој двапати го празнува раѓањето Христово. Кај роднините во Бугарија на 25 декември, а дома во Македонија на 7 јануари. Последните години тој ги посветил на образованието во британската престолнина, каде заминал благодарение на бугарскиот пасош. Пораснал во Македонија.
– Пораснав во Македонија, се чувствувам Македонец, но имам и бугарски корени од дедо ми. Јас ги чествувам двата празника. Дедо ми кажувал дека го чествуваат во Бугарија на 25 декември и кај роднините во Софија сум го одбележувал и по тоа, на 7 јануари, по јулијанскиот календар го славам во Македонија. Одбележувањето е исто како и во Бугарија. Се поставува посно јадење, сарми, тавче-гравче, овошје. Во основа нема многу разлика со Бугарија – вели Гордан.
Тој посакува двете земји подобро да соработуваат, зашто тоа се два слични народа, кои треба повеќе да се почитуваат меѓу себе.
– Ако зборувам на македонски јазик, ќе ми ставите ли превод на вашиот кајрон? Јазиците ни се многу слични. Ние имаме и многу српски, турски зборови, додуша и во бугарскиот јазик има многу турски зборови. Во Англија кога ќе кажам дека сум од Македонија, често не знаат каде е тоа, па ме прашуваат дали сум од Грција, но кога ќе кажам дека имам и бугарски пасош, сите знаат и немав никаков проблем ниту на граница или со контроли, веднаш ме пуштија.
Еве го интервјуто со Гордан