Македонец почина во сообраќајка во Србија, го нашле после два дена


Седумдесетгодишен маж од Македонија загинал во сообраќајка која се случила во селото Палја, кај Сурдулица, пренесува српски „Блиц“.

Потпаролот на полицијата во Врање, Драган Стамековиќ, соопштил дека државјанинот на Македонија со патничко возило „застава“ пристигнал во Селото Палји, на 15 мај. Тој таму заминал во посета на роднини, но настрадал во сообраќајна несреќа.

Два дена откако се случила несреќата, никој не знаел каде се наоѓа, па дури потоа е најдено неговото безживотно тело во близина на селскиот пат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1