Македонец си зел рента кар ФЕРАРИ од Швајцарија – си го донел тука и не го вратил


Поднесена е кривична пријава против Т.Ц.(25) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело  „ затајување“.ferari_f

Имено на 31.07.2015 година пријавениот од компанија во Швајцарија на користење  изнајмил ПМВ Ферари со која склучил Договор за изнајмување на возилото од 31.07. – 10.08.2015 година и според договорот возилото требало да го управува  на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија, но спротивно на договорот пријавениот возилото не го вратил во определениот рок и со истото дошол во Република Македонија и покрај тоа што немал право да го управува на територијата на Република Македонија.

Со кривичното дело пријавениот противправно за себе го присвоил возилото кое што му било доверено на користење, причинувајќи штета на компанијата од над 70.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1