Додека повеќето само сонуваат за лесен живот во развиените западни земји, овој сон стана реалност за македонски имигрант во Aвстралија.
43 годишниот Кенеди, кој бил крстен по американскиот претседател, пред неколку дена добил речиси 3 милиони австралиски долари играјќи на локалната лото игра. Кенеди, кој не сакал да го обелодени своето презиме, само што се вратил во местото Данденонг, Австралија од посета на своето родно огниште во Македонија, кога решил да пополни неколку лото ливчиња. Не му се верувало кога дознал дека едно од ливчињата му ја носи главната премија.
„Не ми се веруваше, бев во шок, не можев да зборувам“ – изјавил Кенеди.
Кога се освестил ги частел сите во пабот пијачки. И наку, Кенеди е имигрант од Македонија, кој добивал минимална инвалидска пензија во Австралија откако пред 13 години тешко ја повредил кичмата.
Новопечениот милионер, првиот ден по добивката го минал поправајќи си ја колата, но најавил дека прво што ќе неправи е да си купи куќа, по што на 18 годишниот син ќе му земел нов автомобил и ќе му даде пари, но и ќе донира во организација за борба против ракот.