Попладнево, 64 годишен штипски риболовец пропаднал во наносите од кал во реката Брегалница кај селото Софилари.
Рибарот ловејќи риба покрај реката пропаднал до половина, а мештаните и другите рибари се обиделе да му помогнат, но безуспешно.
Тие дури 2 часа со лопати и дрва се обидувале да го извлечат од живата кал, а потоа ги повикале пожарникарите за да им помогнат.
По акцијата на пожарникарите, рибарот бил спасен и извлечен на сигурно.