Македонец заглавил во жива кал, со часови не можеле да го спасат


Попладнево, 64 годишен штипски риболовец пропаднал во наносите од кал во реката Брегалница кај селото Софилари.

Рибарот ловејќи риба покрај реката пропаднал до половина, а мештаните и другите рибари се обиделе да му помогнат, но безуспешно.ziva-kal

Тие дури 2 часа со лопати и дрва се обидувале да го извлечат од живата кал, а потоа ги повикале пожарникарите за да им помогнат.

По акцијата на пожарникарите, рибарот бил спасен и извлечен на сигурно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1