Македонец – заменик градоначалник на Париз


Заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски е роден и живее во Париз, како припадник на втората генерација на иселеници од Македонија.  Тој е роден во 1969 година.

Неговите родители во Париз дошле во 1968 година од Битола, но врската со родниот крај никогаш не ја прекинале,пишува скопје инфо.

Кристоф Најдовски е член на Зелената партија на Франција од 1993 година, а од 2001 е во градската власт, прво како советник, кој се залагал во сферата на животната средина, транспортот и превозот и урбанизмот, а потоа и како заменик градоначалник на Париз од 2008 година.

Негов сектор на надлежност, како заменик градоначалник се предучилишните установи, нивниот развој и одржување.

Во интервју за весникот Дневник, правејќи паралела помеѓу Париз и Скопје тој вели дека двата града ги имаат истите проблеми, загадување на воздухот, проблеми со јавниот превоз, како и во соживотот меѓу граѓаните од различно потекло. Но, метрополата на Франција е богат град со 400 милиони евра буџет и големи социјални разлики меѓу луѓето, објаснува Најдовски

Извор – скопје инфо

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1