Вечерва ќе светне небото во чест на ТОШЕ – плоштад Македонија


5-ти октомври, датум кој ни остана како аманет од Тоше, датум кој во себе носи толку спомени, енергија, љубов и едно ѕвездено небо…“Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”

Ѕвезденото небо во чест на Тоше Проески ќе се одржи и оваа година и тоа по четврти пат. Навршуваат пет години од неговата смрт, а верните фанови ширум Балканот и натаму го прават она што тој го сакаше. Во чест на последниот концерт на Проески одржан во Скопје на тогашниот Градски стадион, денешна арена „Филип Втори“, фановите на денот кога Тоше стоеше пред нас и го бараше своето ѕвездено небо, ќе му го подарат повторно, покажувајќи дека не го заборавиле.

5-ти октомври, датум кој ни остана како аманет од Тоше, датум кој во себе носи толку спомени, енергија, љубов и едно ѕвездено небо…“Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше” по 4ти пат на плоштадот Македонија – се сеќаваме, пееме и го славиме животот на нашата најголема легенда Тоше Проески! Затоа, ние фановите од Интернационалниот Тоше Фан Клуб Форум ве покануваме на 5 октомври 2012 год. во 20 часот, на плоштадот Македонија во Скопје, да ни се придружите и заедно да го направиме ѕвезденото небо во чест на нашиот Тоше.

Интернационалниот Тоше Фан Клуб ги кани сите почитувачи на делото на Тоше вечерва во 20:00 часот на плоштадот Македонија во Скопје, да заблескаме уште еднаш толку силно за и тој да ја почувствува љубовта која сите ја имаме кон него. Бидете таму!

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1